ВИДЕО | Јанакиеска: Од оваа година учениците ќе добиваат за 60% повисоки стипендии

Евгенија Јанакиеска, службеник за млади при МОН
Евгенија Јанакиеска, службеник за млади при МОН / Утрински брифинг

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии за учебната 2021/2022 година.

Од оваа година на сила стапува одлуката за зголемување на месечните износи за 60 отсто во одредени категории.

За потребната документација и роковите кои мора да се запазат во Утрински брифинг гостинка беше Евгенија Јанакиеска, службеник за млади при МОН.

-Објавен е списокот со сите ученици и студенти. Оваа година е зголемен обемот и износот на стипендиите. Зголем е обемот и за социјалната категорија, но има и за ученици со потребни потреби, за телентирани ученици, уметници, има од стручните програми итн., вели Јанакиеска за Утрински брифинг.

-Сите категории се зголемени, со тоа што секој износ кој што претходно бил 3.300 денари и 4.440 денари оваа година е порамнет на 6.050 денари, изјави Јанакиеска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот