ВИДЕО: Италија и Летонија четвртфиналисти на Светското кошаркарско првенство

фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Кошаркарите на Италија се пласираа во четвртфиналето на Мундобаскет 2023, откако во вториот натпревар од втората фаза го совладаа Порторико со 73:57.

Италијанците беа предводни од Џампаоло Ричи и Стефано Тонут со по 15 поени, а „дабл-дабл“ учинок имаше Симоне Фонтекио, по 12 поени и скокови.

За Порторико прв стрелец беше Тремонт Вотерс со 13 поени и девет асистенции, следен од Џордан Хауард кој постигнаа 11 коша.

Четвртфиналист е и една од најголемите сензации на Светското првенство, репрезентацијата на Летонија.

Летонците убедливо во 104:84 триумфираа над Бразил најмногу благодарение на Андрејс Гразулис кој реализираше 24 поени (пет асистенции). На спротивната страна кај Бразилците се истакна Бруно Кабокло со 20 поени и седум скокови.

Се одиграа уште два меча кои немаа никакво резултатско значење: Австралија – Грузија 100:84, Грција – Црна Гора 69:73.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот