ВИДЕО | Источна Австралија погодена од силно невреме

Поплави Австралија / Фото EPA-EFE/JOSHUA PRIETO

Обилните дождови предизвикаа поплави во делови од источна Австралија, поплавувајќи патишта, отсекувајќи градови и оштетувајќи имот, додека властите ги советуваат жителите на ниските места да се евакуираат.

Во неколку региони во југоисточниот дел на Квинсленд и северниот дел на Нов Јужен Велс во последните три дена наврнала количина еднаква на најмалку два месеци врнежи.

Во Спрингбрук, Квинсленд, во последните 48 часа наврнале 514 милиметри дожд, што е двојно повеќе од просекот во јануари.

Заменик премиерот на Квинсленд Камерон Дик ги повика граѓаните да не патуваат додека не се стабилизира времето.

Се предвидува дека во следните 24 часа ќе наврнат и до 350 милиметри дожд, а Бирото за метеорологија издаде предупредување за над 250 километри широкиот Вајд Беј Бурнт регион на австралиската држава Квинсленд, но и за делот се наоѓа југоисточно од него.

Надлежните истакнуваат дека може да дојде до нагло излевање на реки и потоци од коритата и оти следните 24 часа се критични.

Во соседната австралиска држава Нов Јужен Велс, десетици луѓе беа спасени од кампови отсечени поради поплавите, кои обично се полни за време на празниците.

Одредени региони веќе беа погодени од невреме и претходно. Во декември, за време на божиќните празници, невреме усмрти 10 луѓе, а десетици илјади домови остави без струја. Околу 11.000 домаќинства се уште се без струја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот