ВИДЕО ИНТЕРВЈУ| Проф. д-р Мојаноски: Мора да се изгради политички, партиски и граѓански консензус за европскиот процес заради генерациите по нас

Задачата на сите во Македонија од поединци па се до организираните структури е што е можно повеќе да создаваат основи за развој на пријателството со соседите и со другите земји како што тоа го прават Македонците на планот на почитување на религиските и други разлики со останатите етнички заедници во земјата, вели проф. д-р Цане Мојаноски во гостувањето во емисијата Утрински печат“.
-Ние по подолг временски период имаме своја држава и од организираните политички сили зависи како ќе го димензионираат развојот на оваа земја. Затоа говорам за потребата од градење политички, партиски и општ, граѓански консензус за брзо завршување на определени прашања и создавање претпоставки за членство во ЕУ со цел генерациите кои доаѓаат по нас не останат на средина на процесот, дециден е Мојаноски.
Целиот разговор со проф. Цане Мојаноски погледнете го во видеото: