ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Персида Отовиќ-Стојановска и Наташа Стефановска: Македонија нема стратегија за спортот

Персида Отивиќ Стојановска и Наташа Стефановска - адвокат / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Македонскиот спорт стихијно се развива без државна стратегија, сметаат адвокатките Персида Отовиќ – Стојановска и Наташа Стефановска, кои своевремено беа активни спортистки.

Во студиото на Утрински печат и двете резигнирано ги посочија слабостите во организацијата на спортот во Македонија, нагласувајќи дека во нашата земја нема никаков план за развој на спортскиот живот.

– Последниве години нема никаква стратегија за спортот ниту на државно, ниту на локално ниво во Македонија. Законот го регулира спортот недоволно, но тука би додала и дека владата воопшто никаков план за развој на централно ниво. Воопшто нема стратегија за тоа како ќе се развиваат колективни спортови или индивидуални. Како правно ќе се регулира статусот на спортистите, на клубовите во поглед на унапредување на усовите и следење на светските трендови – вели Персида Отовиќ-Стојановска, која своевремено се занимаваше со кошарка.

Наташа Стефановска беше истакната каратистка на Македонија и носител на поголем број на одличја освоени на меѓународна сцена. Таа вели дека најнапред ќе треба Агенцијата за млади и спорт да се трансформира во надлежно министерство, па дури потоа да се готви државна стратегија.

– Многу ќе биде подобро доколку спорот добие свое мнистерство, како по примерот на соседните држави. Во министерството ќе се напарават сектори, Секторот за спорт ќе се грижи за развој и за унапредување на спорот од универзитетиски спорт, професионален до рекреативен спорт – вели Стефановска.

Адвокатките предочија и дека ваучерите недоволно ја завршија својата функција во финансирањето на спортот во Македонија, а предупредија и на голем број на неправилности, па дури и на криминални дејствија во нивната реализација.

Целото интервју со Персида Отовиќ-Стојановска и Наташа Стефановска погледнете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот