ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Дончо Герасимовски: Населението се намалува, градењето станови се зголемува?!

Дончо Герасимовски / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Во Македонија има еден апсурд. Населениeто се намалува како поради негативниот природен прираст на населенито, така и поради отселувањето, но истовремено имаме зголемување на бројот на градбите, вклучително и на становите. Истовремено, продолжуваат и политиките на нерамномерен регионален развој.

На овие појави, во разговор за „Утрински печат“ посочи Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика.

– Според Пописот од 2021 година има околу 840.000 станови. Но, имаме голем број на празни станови – некаде околу 308.000 се ненаселени, што е околу 37 отсто од вкупниот број на станови. Во околу 30-тина општини во државава половина од становите се ненаселени. Ова претежно се однесува на рурални општини каде има огромно раселување, затоа што имаме празнење на селските места – вели Герасимовски.

Тој вели дека според Пописот имаме 205 раселени места, тоа се всушност празни места и тоа се главно села.

– Ова е карактеристично за општините Штип, Радовиш, Валандово, а во последно место и во Кавадaрци. Притоа, често се случува населението да живее во градоците, а од пролет да доаѓа во селата, но имаме и раселено население кое заминало во други држави – вели Герсимовски.

Герасимовски вели дека околу 62 отсто од населението на Македонија живее во градовите. Како типичен пример ја споменува Општината Штип каде 18 населени места има целосно раселени, а 15-тина имаат по 10-тина жители. Така, вкупно 70 до 80 отсто е веќе преселено во градот.

– Раселувањето на населението доведува до градби во градовите, а тоа предизвика низа проблеми – вели Герасимовски.

Тој направи и споредба со Словенија од којашто може да се извлечат низа заклучоци за една територијална организација која оди во прилог на урбанистичката и популационата политика.

Целото ВИДЕО-ИНТЕРВЈУ погледајте го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот