ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Давор Пехчевски ЕКО – свест: Загадениот воздух усмртува околу 3000 лица во Македонија, потребно е итно дејствување

Давор Пехчевски ЕКО- свест/ ФОТО, Слободен печат

Во Македонија на годишно ниво умираат меѓу 3.000 и 3.500 лица како резултат на загадениот воздух кои го дишеме. Оваа бројка само се однесува на опасните ПМ2,5 честички кои се причинители за овие загрижувачки статистики. Доколку се земат во предвид и другите загадувачи во воздухот како азотните киселини и слично бројката за жал е многу поголема. Ова меѓудругото го истакна Давор Пехчевски од невладината организација ЕКО-свест при гостување во емисијата „Утрински печат“ каде во разговорот за овие податоци се повика на последното истражување на Европската агенција за животна средина.

Тој посочи дека загадувањето на воздухот во земјава е високо и е неколку пати над дозволените граници веќе од почетокот на ноември. Според Пехчевски после Скопје, Битола е градот од внатрешноста кој предничи во параметрите со загаден воздух.

– Загадувањето со сулфур диоксит од термолекетраната во Битола за осум или девет пати ги надминува дозволените граници. Ова е сериозен загадувач кои што ние не го гледаме, не го мирисаме но влијае на нашето здравје. Тоа е нешто што не смее да се игнорира иако станува збор за најголемиот индустриски капацитет во државата кој произведува струја – посочи Пехчевски.

Екологистот во разговоротво утринската емисија се осврна и за набавката на гас но и неизвесноста околу не еколошките горива за скопските топлани.

– Последната информација која излезе вчера говори дека сепак е набавен гас за топланите за наредниот месец. Набавките се прават краткорочно и неплански што исто така преставува проблем. Сега откако и топланта Скопје – Север е дадена на управување на ЕСМ и значи дека сите топлани се под управувачка палка на ЕСМ, очекувам да има координативно управување на состојбите со топланите во Скопје – вели Пехчевски.

Пехчевски исто така истакна дека мерните станици во Скопје се во многу подобра состојба отколку што тие некогаш биле во минатото.

– Имаше заеднички меѓународен проект и нашата Влада неодама ги обнови старите инстументи за мерните станици за квалитет на воздухот во главниот град кои што често се расипуваа и во тој дел можам да истакнам дека е подобрена состојбата. Сега во реално време можеме да следиме какво е загадувањето и квалитетот со воздухот. Проблем останува со немање на акредитација на Централната државна лабараторија која што не може да ги следи правилно емисиите од загадувачите. Односно доколу топланите се префрлат на мазурт или дизел, Инспекторатот за животна средина нема можност веднаш како да го контролира она што тие го пријавуваат дека излага од оџаците – истакна активистот за животна средина Пехчевски.

Повеќе од разговорот со Пехчевски погледнете во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот