ВИДЕО: Интер „гази“ кон Скудетото, Каљари во борба за опстанок!

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Интер славеа денеска на домашен терен против Каљари со 1:0 во првиот натпревар од неделната програма од 30 коло во Серија А, и со тоа стигнаа до 11 последователна победа во италијанскиот шампионат.

Во малку изменета постава во споредба со вообичаената оваа сезона, Интер се мачеше против тимот кој е кандидат да игра во Серија Б. Клучниот момент се случи кога Матео Дармијан ја затресе мрежата на гостите во 77 минута после асистенцијата на Акраф Хакими.

Победата на „неро-аѕурите“ можеше да биде поголема, Алексис Санчез постигна гол во 18 минута, но истиот беше поништен поради офсајд, а Стефан де Врај во 69 минута ја погоди пречката.

Со овој триумф на осум кола пред крајот на првенството, Интер има предноста од 11 бода пред градскиот ривал Милан и направи уште еден чекор на патот кон освојување на Скудетото.

Од друга страна, Каљари со четвртиот последователен пораз остана на пет бода зад сигурната зона, па до крајот на сезоната ќе води грчевита борба за опстанок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот