ВИДЕО | Инцидент на Африканскиот Куп на Нации: Фудбалерите на Гана нападнати од новинари

Фото: EPA-EFE/LEGNAN KOULA

Репрезентацијата на Гана доживеа изненадувачка елиминација од Африканскиот Куп на Нации по ремито со Мозамбик 2:2.

Фудбалерите на Гана беа вербално и физички нападнати во микс зоната дури и од новинарите на Гана кои беа разочарани што нивната селекција толку рано го завршува настапот.

Мозамбик го шокираше фаворитот со голови во судиското продолжение. Меѓутоа навистина не се памети ситуација во светот каде што новинари нападнале фудбалери.

Прво новинарите вербално ги нападнаа играчите на Гана додека минуваа, а потоа малку фалеше и да дојде до физичка пресметка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот