ВИДЕО: Илон Маск откри дека страда од Аспергеров синдром, кој можеби е тајната на неговиот успех

epa-efe
epa-efe

Илон Маск, еден од најбогатите луѓе на светот, како гостин-водител на американското телевизиско шоу „Сабота вечер во живо“ рекол дека има Аспергеров синдром.

Во воведното обраќање до гледачите порачал дека е прво со лице со Аспергеров синдром кое го води ова шоу, но тоа не е точно.

Имено, канадскиот актер Ден Ејкројд во 2003 година бил првиот гостин-водител на шоуто со овој синдром, а кој притоа отворено зборувал за тоа, пренесува американскиот весник „Дејли бист“.

Остатокот од обраќањето Маск го искористил да се пошегува на сметка на својот статус, како и не својата фасцинираност од криптовалутата „Dogecoin“.

Аспергеровиот синдром инаку е состојба од аутистичен спектар, која не е поврзана со социјални тешкотии. Некои експерти предлагаат вработување на лица со овој синдром, бидејќи можат да остварат успех во технологијата, претприемништвото и други работи за кои се потребни аналитички вештини, пренесува порталот „Кликс“.

Списанието „Форбс“ го процени богатството на Маск на 166 милијари долари. Поголем дел од богатството го остварил со ко-сопствеништвото во компанијата „Тесла“ и целосната сопственост над компанијата „Спејс Икс“, пренесува Танјуг.

Тој не е првиот милијардер кој бил водител на шоуто „Сабота вечер во живо“ . Пред него во оваа улога се нашле поранешниот претседател Доналд Трамп, водителката Опра Винфри и поранешниот кошаркар Мајкл Џордан.

Што е Аспергеров синдром?

Аспергеров синдром е еден од неколкуте нарушувања од аутистички спектар кој се карактеризира со тешкотии во социјалната интеракција и ограничени, стереотипни интереси и активности. Исто така се нарекува и Аспергерово нарушување или само Аспергер, иако, меѓу клиничките истражувачи нема многу голема согласност за тоа дали треба да се вика синдром или нарушување.

Аспергеровиот синдром се разликува од останатите нарушувања од спектарот на аутизмот по тоа што кај него, воопшто, нема застој во јазичниот и когнитивниот развој. Сепак, во стандардните дијагностички критериуми не е спомната моторичката неспретност и атипичната употреба на јазикот, што се јавува често.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот