ВИДЕО | Играч на Валенсија доби црвен картон од клупата, Гатузо збесна

Фото: Screenshot/Тwitter

Добро познат беше темпераментот на Џенаро Гатузо како играч, а истиот легендарниот Италијанец го пренесува и денес во неговата тренерска кариера.

Гатузо во овој момент e тренер на Валенсија со која вчера стигна до тешка победа против Осасуна на гостински терен во Памплона од 1:2. Бесот на Гатузо го почувствува Диакаби кој доби црвен картон од клупата за резерви.

Диакаби беше заменет откако доби жолт картон, а потоа од клупата протестираше на одлука на судијата и заработи уште еден. Тоа го налути Гатузо.

„Не смееме да си дозволиме да добиваме црвен картон додека сме на клупата“, порача Гатузо после натпреварот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот