ВИДЕО I Кој е напаѓачот од Рамбује кој уби невооружена полицајка: Единиците за антитероризам се во акција

epa09155391 French police officers investigate near the entrance of the Police Station in Rambouillet, France, 23 April 2021, following a knife attack. One police officer was attacked and killed by a knifeman, in what officials treat as a terror attack. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Антитерористичките обвинители ја презедоа истрагата, а убиството се третира како можен терористички напад.

Полицајката (48), која беше избодена до смрт во напад со нож во полициската станица во Рамбује, југозападно од Париз, не беше вооружена. Таа била прободена со нож во вратот, јави Би-Би-Си. Напаѓачот (36), кој наводно дошол во Франција од Тунис пред неколку години, бил застрелан, а подоцна починал во болницата.

Нападот се случил на влезот во полициската станица попладнево кога полицајката се враќала од пауза, во 12,20 часот.

Сведоците изјавија дека го виделе напаѓачот како шета пред станицата додека разговарал со мобилен телефон и ја искористил шансата кога таа се приближила до влезот.

Тој ја нападнал жената, а потоа нејзините колеги пукале во него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот