ВИДЕО I Црногорци ќе лежат до 15 години затвор за шверц на 5 тони кокаин: Вредност на запленета стока 250 милиони евра

Судот во Аруба осуди на 9 до 15 години затвор 11 црногорски државјани, членови на екипажот на бродот АРЕСА, на кој беа пронајдени 5 тони кокаин.

Тие беа уапсени од припадници на холандската морнарица откако беа информирани дека на бродот имало дрога.

Акцијата е реализирана врз основа на информации од управата на Црногорската полиција, кои ги испратила до партнерските служби на Велика Британија, а се реализирала во водите на Венецуела, во Аруба.

Според процените, вредноста на запленетата дрога била околу 250 милиони евра.

Меѓу уапсените се Андрија М. (30) од Подгорица, Никола М. (29) од Котор, Михаило Ѓ. (58), Трипо Б. (37), Васко Р. (50), Видоје Л. (42), Баранин Драган М. (46), Драгојуб Ж. (67) од Цетиње и Никола М. (42) од Нови Сад со црногорско потекло.

Според полицијата, кокаинот од Колумбија требало да биде прошверцуван во некое од пристаништата во Западна Европа. Бродот на кој беше запленет повеќе од еден тон кокаин пловеше под знамето на Камерун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот