Полиција во Сиднеј, Австралија/Фото: Richard Milnes / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Хорор во Австралија: Четворица уапсени за мрежа за трговија со детска порнографија, бестијалност и сатанизам

Четворица мажи од Сиднеј се обвинети за вмешаност во меѓународен синџир за детска порнографија и „сатанска“ содржина, соопшти денеска австралиската полиција, пренесува австралиски Дејли телеграф.

Полицајците извршија шест налози за претрес на „меѓународна мрежа за дистрибуција на сатанска детска порнографија“.

За време на истрагата, „идентификуван е педофилски синџир со седиште во Сиднеј, кој активно бил вклучен во поседување, дистрибуција и обезбедување содржина преку меѓународно управувана веб-страница“.

Според истиот извор, најмладиот од четворицата уапсени – на возраст од 26, 39, 42 и 46 години – одиграл водечка улога. Тој е обвинет по 14 точки, вклучително и користење телекомуникациски услуги (телефон, е-пошта или страници на социјалните мрежи, на пример) за дистрибуција или пристап до детска порнографија.

Другите тројца мажи се обвинети за поседување порнографски материјал кој исто така содржел ѕверски склоности и поседување дрога.

Уапсените мажи остануваат во притвор бидејќи не им е одобрена кауција пред да бидат изведени пред суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот