ВИДЕО | Голем камбек: Прв настап на Врчак по петнаесетина години, ја испеа „Спасете ме другари“ со Ламбе на свадба

Фото: Скриншот/Инстаграм/Ламбе Алабаковски

Пејачот Ламбе Алабаковски и раперот Раде Врчаковски-Врчак беа едни од најпопуларните музички имиња на нашата естрада пред петнаесетина години.

Нивната заедничка песна „Спасете ме другари“ се најде на вториот студиски албум на Врчак – „Во твоето срце“ (2006) и веднаш ја освои македонската публика.

Среде најголема популарност, Врчак се повлече од сцената во 2011 година, а Алабаковски направи пауза од музиката и се пресели во САД во 2013 година.

Минатата година, Врчак ја објави новата песна „Да ме лижнеш“, а Алабаковски се врати во Македонија, сними неколку нови песни, и одржува концерти низ градовите во земјава со музичкиот караван „Македонијо во срце те носиме“.

Сега тие беа гости на свадба кај заеднички пријател во Охрид и ги изненадија присутните со изведба на „Спасете ме другари“. Ова прв јавен настап за Врчак после долго време.

„Моите молитви се остварија. Фала ти Боже, вчера тоа ми се потврди! Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај! И да испишиме уште едно време и ера на македонската сцена и музика“, напиша пејачот на својот инстаграм-профил, објавувајќи видео од настапот со неговиот драг колега.

ВИДЕО | Врчак се врати на сцената со „Да ме лижнеш“, двочасовниот вовед ги збуни обожавателите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот