ВИДЕО | Герасимовски: Да ја преземеме одговорноста и да направиме држава во која младите ќе ја гледаат иднината

Горан Герасимовски / Фото: СДСМ

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата, заедно со подржувачите на борците од НОБ, носителката на листа во општина Центар Андријана Будимир – Филиповски и Координаторката на жените на ОО СДСМ Центар Маја Борозан со положување свежо цвеќе се поклони пред споменикот на Споменикот на паднатите борци и оддаде почит на партизаните од НОБ по повод државниот празник 11 Октомври, „Денот на народното востание“, им испраќа честитка на сите граѓани на републиката.

– Горди и исправени денеска ја прославуваме 80 годишнината од државниот празник „11 октомври. Ден кога нашиот храбар македонски народ во Прилеп и Куманово се крена против окупаторот за ослободување на државата. И успеа, денеска растеме нови генерации и живееме во аманет слободна и да ја зачуваме, изјави Герасимовски.

Тој исто така порача дека денеска нашата држава е членка на НАТО и нашите државници седат рамо до рамо со најсилните сојузници, ние живееме во демократска држава, онаму каде се почитуваат слободите и правата.

– Водејќи се од вербата на еднаквост и човечност денеска живееме почитувајќи ги различностите-слободни во едно општество за сите. Затоа е важно да бидеме свесни за нашата одговорност во чувањето на државата и слободата, а тоа може да го направиме ако ја преземеме одговорноста на нашата генерација. Да ја зачуваме државата, да ја градиме и водиме напред, сите заедно да изградиме силна економија во која младите генерации ќе ја гледаат иднината, изјави Герасимовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот