ВИДЕО | Фудбалерот кој со Ливерпул освои шест титули по завршувањето на кариерата станал зависник од кокаин

Фото: EPA/VINCENT JANNINK

Eкс-англискиот фудбалер Дени Марфи призна дека по завршувањето на кариерата како фудбалер се соочил со проблеми и станал зависник од кокаин.

Во разговорот на објавениот подакст, Марфи истакна дека барајќи замена за адреналинот на теренот еден вид утеха нашол во дрогата која му станала сериозен проблем.

„Кога престануваш со играњето фудбал, се појавуваат одредени проблеми. Додека сте фудбалер и секоја недела играте натпревари, чувствувате голема доза на адреналин, кога прекинав, барав некоја замена и таа ја пронајдов во кокаинот и марихуаната“, изјави Марфи.

За разлика од дрогата алкохолот не му претставувал проблем.

„Со алкохолот немав проблем, можев да не пијам дури и кога го имав дома, но без дрогата не можев“, изјави Марфи.

Во кариерата Марфи играше за Чарлтон, Тотенхем, Фулам и Ливерпул каде што имаше најголем клупски успех и освои шест титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот