ВИДЕО+ФОТО: Со среќа момци, срце на терен и борба до крај за Македонија!

Фото: instagram.com/FFMacedonia/

Македонската фудбалска А репрезентација заминува за Тбилиси каде што утре од 18.00 часот против Грузија ќе го игра финалето од УЕФА Лигата на нации за пласман на наредното Европско првенство.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски се надеваат и веруваат дека конечно и ние ќе вкусиме учество на еден континентален собир со најдобрите селекции на Стариот континент.

– Од срце им посакувам на нашите фудбалери многу спортска среќа во финалето. Овој тим има карактер, сила и трпение. Верувам дека ќе имаме одличен настап и победа за историја. Среќата ги следи храбрите, покажете колку сме силни заедно – се зборовите на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини.

 

View this post on Instagram

 

?? #НапредМакедонија #СегаЕНашеВреме

A post shared by Football Federation-Macedonia (@ffmacedonia) on

Фото: instagram.com/FFMacedonia/

Секако предводени „црвено-жолтите“ од еден од најискусните во тимот, Горан Пандев кој зад себе има големи натпревари со многу трофеи на клупски план.

Но „Гранде Пандев“ посакува својата кариера да ја заокружи и со пласман на Европско првенство со репрезентација, а дефинитивно пред него е една голема шанса да ја оствари и таа цел.

Доколку се пласираме на ЕП, ќе бидеме сместени во групата „Ц“ (Букурешт, Амстердам) со Холандија, Украина и Австрија.

– Ние сме една голема фамилија. Сигурен сум дека ќе дадеме максимум. Нѐ делат 90 минути од остварување на нашите соништа – вели нашиот капитен Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот