ВИДЕО | Фламенго не дозволи ново изненадување и освои бронза на Светското клупско првенство

Фото: EPA-EFE/STR

Фудбалерите на бразилскиот Фламенго вечерва го освоија третото место на Светското клупско првенство откако го победија египетскиот Ал Ахли со 4:2.

Головите за Фламенго ги постигнаа Габриел Барбоса в о 11-тата и 85-тата минута и Педро во 77-та и првата минута од судиското продолжение. Двоен стрелец за Ал Ахли беше Ахмед Абделкадер во 37-та и 60-тата минута.

Ал Ахли од 69-тата минута играше со играч помалку откако директен црвен картон заработи Калид Абдулафатах.

Подоцна вечерва во натпреварот за светска титула се среќаваат Реал Мадрид и Ал Хилал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот