ВИДЕО | Фидановски: На новинарите им се закануваат, а никој не одговара

Зоран Фидановски / Утрински брифинг

Вчера се огласи и ЗНМ повторувајќи го извештајот на ЕК – зголем број напади врз медиумските работници, финансиски проблеми на медиумите, лош социоекономски статус на новинарите.

За овие теми денес во Утрински Брифинг разговаравме со Зоран Фидановски, новинар и член на совет на АВМУ.

-Имаме над 20 напади врз новинарите од кои само еден има разрешница. Ако институциите на системот не реагираат промптно во вакви ситуации, новинарите ќе стравуваат поради работата што ја работат. Поповолен амбиент би требало да направи измената на Кривичниот законик кој ќе овозможи напад на новинар да се третира како напад врз службено лице и со повисоки санкции ќе ги застрашат потенцијалните напаѓачи, вели Фидановски за Утрински брифинг.

Тој додава дека мисли оти оваа измена на законот ќе има ефект. На интернет говорот на омраза се продуцира преку социјалните мрежи, што потоа продуцира и физички напади. Можеби потоа ќе се испровоцира вербален напад, ама барем не физички напад, коментира Фидановски.

Реален ли е извештајот на ЕК за медиумите?

-Реален е. Производ е на ковид пандемијата но и на локалните наши прилики. Има напредок во однос на претходната власт, но последниве години имаме намалување на новинарските здруженија поради што се влошува социоекономската состојба на новинарите, поради што можат да бидат под финансиско влијание или да се самоцензурираат, коментира Фидановски.

Според него, политичарите треба да имаат повисок праг на толеранција оти нормално е да добиваат и непријатни па и тенденциозни прашања, но, како што вели тој, тие се под окото на јавноста и мора да одговорат.

Реформите во МРТВ беа едно од главните ветувања, но ништо не се случи.

-Јавниот сервис е огледало на државата. Зошто не се направени реформи е прашање за во парламентот. Политичките субјекти не можат да се договорат. Сега е најмал буџетот за јавниот сервис. Со тие пари што реално требаше да ги добие МРТВ ќе ја зајакнеше дописничката мрежа и ќе можеше да откупи подобра програма. Неизборот на нов програмски совет кој ќе го бира раководството на МРТВ ги закочува реформите.

Целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот