ВИДЕО | Емери и вторпат сезонава го победи Арсенал, Манчестер Сити останува лидер

Фото: EPA-EFE/DANIEL HAMBURY

По поразот на Ливерпул од Кристал Палас, поразен беше и Арсенал во натпреварот против Астон Вила.

Како и Ливерпул, така и избраниците на Артета го загубија натпреварот без постигнат гол на домашен терен. Астон Вила предводена од клупата од екс-стратегот на Арсенал, Унаи Емери до победата дојде со двата гола во второто полувреме (0:2).

Победата за Астон Вила ја обезбедија Бејли и Воткинс. Треба да се каже и дека Емери вторпат сезонава го победува Арсенал, претходно во Бирмингем резултатот беше 1:0.

На табелата сега Манчестер Сити е лидер со 73 бодови, додека Арсенал и Ливерпул на втората и третата позиција имаат по 71. Астон Вила со денешните три бода дојде до 63 што се доволни за четвртото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот