ВИДЕО: Ед Ширан зборува за неговата нова улога на татко

ед ширан џејмс корден татко bad habits
Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Ед Ширан во „The Late Late Show“ истакна како животот со новороденче го натерал да развие поздрава рутина и зошто се чувствува подобро од кога било.

„Изгледаш фантастично! Дали ти е добро тргнато со здравјето?“, го прашува водителот Џејмс Корден.

„Па, откако станав татко се чувствувам дека ми се смени начинот на живот. Наместо да легнувам во шест часот наутро, станувам во четири часот“, вели Ширан низ смеа. Пејачот на „Bad Habits“ и неговата сопруга Шери Сиборн во август го дочекаа своето прво дете, ќерката Лира Антарктика.

„Чувството е како да требало секогаш да биде ваков животот. Одлично е“, додаде тој за улогата на нов татко на 10-месечното бебе. „Моите денови се структурирани“, вели Ширан.

„Поздрав сум од кога било. Вежбам секој ден“, продолжува тој. „Поминувам многу време дома спремајќи го албумот. Се чувствувам како човек. Добро е“.

Всушност, малата Лира го инспирирала својот славен татко да ја земе гитарата во раце по долго време. Продолжувајќи го разговорот со Корден, музичарот објаснува дека се оддалечил од инструментот по неговата турнеја во 2019 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ed Sheeran (@teddysphotos)

„Всушност не ја допирав гитарата со месеци по завршувањето на мојата турнеја“, вели Ширан. „Некако имав криза на самодоверба. Сакав да не работам, но тогаш се сетив – работата е моето хоби. Затоа, во основа морав да најдам различни други работи да ми станат хоби, да не биде сè музика“.

„Всушност, кога се роди Лира, повторно ja зедов гитарата во рака за да ѝ пеам“, се сеќава тој.

Според уметникот, тој не ѝ изведувал класични приспивни песни на неговата ќерка, туку сентиментални балади од неговото детство. „Воспитан сум со традиционална ирска музика и ми беше навистина слатко што можев да ѝ ги пеам тие песни“, вели Ширан.

Ед Ширан: Значително го намалив алкохолот по раѓањето на ќерка ми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот