ВИДЕО | Дудуш: Максим Димитриевски е авторитет, победник и треба да биде лидер на СДСМ – многумина мислат така, ама не кажуваат јавно

курто дудуш
Курто Дудуш, градоначалник на Шуто Оризари/Фото: Слободен печат

Староновиот градоначалник на Шуто Оризари Курто Дудуш, откако ја загуби поддршката од СДСМ, победи како кандидат на ЛДП и ДОМ во општината. 

-Јас посакував да бидам кандидат на СДСМ, но органите на партијата одличија да не бидам нивен кандидат, па ме поддржаа ЛДП и ДОМ, изјави за Утрински брифинг Курто Дудуш, градоначалник на општина Шуто Оризари.

Тој се осврна и на состојбите во партијата, коментирајќи го својот пост вчера на Фејсбук кога објави своја фотографија со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и напиша дека е „иден Претседател на СДСМ и мандатар за нова влада“, но со прашалник на крајот.

-Претседателот Заев ќе си даде оставка и повеќето од нив ја делат истата мисла дека е потребен нов лидер и го препознавам Максим Димитриевски како претседател на СДСМ. Јас имав храброст за разлика од другите да го кажам тоа во јавност, ќе видиме што ќе се случи. Тој е авторитет, победник, не е  некој но нејм и треба да биде лидер на СДСМ, рече Дудуш.

Градоначалникот Дудуш во Утрински брифинг се осврна и на новите проекти во Општина Шуто Оризари и нагласи дека ќе биде фокусиран и концентриран на општината и Шуто Оризари треба да го направиме едно пристојно место за живеење, спроведувајќи ги во иднина политиките на ЛДП и ДОМ, додава Дудуш.

-Постојано спроведуваме со легализација на објекти во нашата општина. Повеќе од 2.000 легализации се дадени во претходниот мандат. Имаме уште најмалку 2.000 легализации за издавање. Погрешна информација е дека Шуто Оризари нема питка вода. Јас гарантирам дека 99% од нашата општина е покриена со водоводна мрежа, вели Дудуш. Од формирањето на нашата општина се нема донесено ДУП, работи интензивно на тоа. Во моментот се донесени два плоковски ДУП-а. Отприлика сме на 60% до завршување на сите ДУП-а на територија на цела општина, изјави за Утрински брифинг Кутро Дудуш, градоначалник на општина Шуто Оризари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот