ВИДЕО: Драгана роди здраво момче додека земјотресот ги рушеше Сисак и Петриња

Додека разорниот земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала ги тресеше Сисак, Петриња и околните села, Драгана Довраниќ (32) роди здраво момче во контејнерот на болницата Сисак.

Сопругот Дин (34) со своите три деца на возраст од 13, 11 и 6 години бил во семејната куќа .

Доријан се родил со 3.800 грама и бил долг 52 сантиметри, сега е со семејството, браќата и сестрите во Посавске Бреги.

– Бев шокирана, но добро – раскажува мајката Драгана.

Како што вели, тие ја поврзале на инфузија, а после тоа целата зграда започнала да се тресе.

-Но, тие брзо ја исклучија инфузијата и почнаа да бегаат. Ме ставија во контејнер и отидов да се породам –  вели мајката.

– Во 9.30 часот ја однесов сопругата во болницата Сисак за ЦТГ. И рекоа дека е се уште рано, но ја оставија во болница. Се вратив дома поради децата – вели Дин.

Во моментот кога Драгана започнала да се пороаѓа, земјата почнала да се тресе и телефонските линии биле отсечени.

– Моите деца сè уште се исплашени, земјата се уште се тресе, тие седат во јакни и многу се исплашени. Кога го почувствувавме силниот земјотрес истрчавме кон дворот, се обидував да ја добијам жена ми, не ги добив службите за итна помош или болницата Сисак. Бев избезумен од страв и грижа. По три часа ми рекоа од болницата да ги земам сопругата и новородениот син Доријан – ни рече Дин.

ВИДЕО: Колони со помош од Словенија и други земји пристигнуваат во Хрватска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот