ВИДЕО: Колони со помош од Словенија и други земји пристигнуваат во Хрватска

Од словенечкиот град Рогашка Слатина, колони камиони се упатија кон Петриња, носејќи им помош на граѓаните и опрема за пребарување на теренот. Исто така, од Пореч беше испратена донација од повеќе од триесет камп приколки. 

Словенечката влада им дозволи на граѓаните кои сакаат да помогнат да достават помош и да се вратат за помалку од 48 часа.

Помош за Хрватска испратија и други европски земји, како што се Австрија, Италија, Грција, Романија, Чешка, Шведска и Србија.

Претседателот на округот Сисак-Мославина, Иво Жиниќ, изјави дека во Глина и околината нема вода, како и дека некои делови од Петриња се без електрична енергија.

Тој додаде дека околу 500 жители ја поминале ноќта во бараките во Петриња, а многумина биле со роднини и пријатели.

Телефонски броеви за донации за Хрватска – Црвен крст со апел за помош по разорниот земјотрес

Според локалните медиуми, помошта пристигнала во форма на зимски шатори, електрични грејачи, кревети, постелнини, вреќи за спиење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот