Милановиќ за Пендаровски: Тој е вистинскиот човек за Македонија

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ даде поддршка за кандидатот за втор претседателски мандат, Стево Пендаровски. Во специјална видео-порака на Фејсбук пред вториот круг на претседателските избори му даде поддршка нарекувајќи го „мојот пријател Стево“.

„На Македонија и треба претседател кој ќе биде гласот на нејзините граѓани, заштитник на нивните права и бранител на државните интереси. Тоа се тешки задачи, а Македонија има таков човек за нив, тоа е вашиот претседател и мојот пријател Стево“, вели во пораката Милановиќ.

Хрватскиот претседател вели дека во изминативе години имале многу средби и разговори со Пендаровски и, според него, најголема желба на Пендаровски е да ја внесе Македонија во ЕУ. Милановиќ вели дека ЕУ и некои наши соседи не биле праведни спрема нашата земја. Добивте малку, а заслуживте многу повеќе.

Македонија и во наредните пет години да ја води човек како Стево Пендаровски, вели во пораката Зоран Милановиќ.

„Силни зборови на поддршка од хрватскиот претседател, долгогодишен политичар и пријател на Македонија, Зоран Милановиќ“, напиша Пендаровски споделувајќи ја пораката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот