ВИДЕО | Доц. Ѓоргиевски: Станарите можат да се организираат и да направат од зградите активни извори на енергија

проф. Владимир Ѓоргиевски од ФЕИТ
проф. Владимир Ѓоргиевски, ФЕИТ / Утрински брифинг

Треба да се размислува за алтернативни начини за производство на струја кои би биле исплатливи во однос на инвестиција и произведена енергија. Дали фотоволтаиците се добра алтернатива за обезбедување електрична енергија за домаќинствата во Утрински брифинг разговаравме со доц. Ѓоргиевски од ФЕИТ.

– Обновливите извори на енергија веќе не се алтернативни извори на енергија. Тие сега се поевтини од сѐ што порано било сметано за главни извори на енергија. Кога станува збор за домаќинствата, еден од начините да се заштитат од ценовни шокови е да генерираате енергија од обновливи извори на енергија, вели доц. Ѓоргиевски.

Кога се зборува за интеграција на алтернативни извори на енергија во енергетскиот систем тоа е поврзано со развивањето на јаглеродно неутрални производствени капацитети, а тука спаѓаат и фотоволтаиците. Има и рокови до кои производството треба да се адаптира и да се усогласи со борбата против климатските промени.

Тој додава дека преку имплементација на мерките за енергетска ефикасност се намалува потрошувачката на струја. Просечно домаќинство користи 4000-5000 киловати годишно, а еден фотоволтаик произведува 1200 киловатчасови. Но, во времето кога генераторот произведува струја, потрошувачката на домаќинството е најмала, па оттука би требало да се најде начин на компензација, вели доц. Ѓоргиевски.

Ѓоргиевски додава дека добро решение е формирање на енергетски заедници на жители во кои би се вршела размена на електрична енергија. Тоа е идеално решение за колективните станбени објекти, но може да се примени на цела улица или населба. На тој начин зградите стануваат активни извори на енергија, појаснува тој.

– Прашањето е што ќе се случи ако сите еднакво инвестираат а различно трошат. Очекуваме преку соодветни правила да се регулира или компензира распределбата на енергијата. За тоа има различни начини, кои може да бидат праведни и исплатливи за сите членови на заедницата, вели доц. Ѓоргиевски за Утрински брифинг.

За стравувањата дека може да дојде до загуба на земјоделско земјиште за сметка на полињата со фотоволтаици, доц. Ѓоргиевски објаснува дека оваа опасност е рано согледана и се пресретнати проблемите. Имено, државите кои имаат ограничено земјоделско земјиште а истовремено имаат одлични услови за производство за електрична енергија, можат да прават подигнати фотоволтаични полиња со што на земјиштето истовремено ќе можат да се одгледуваат земјоделски култури на кои не им пречи извесно засенчување. За тоа има различни начини, кои може да бидат праведни и исплатливи за сите членови на заедницата.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот