ВИДЕО: Димитров е вториот финалист на мастерсот во Мајами

Григор Димитров/фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Во однос на првото полуфинале во кое доминираше Јаник Синер, второто на мастерсот во Мајами, САД, донесе повеќе возбудувања.

Бугарскиот тенисер Григор Димитров се пласираше во финалето откако со 6:4, 6:7 (4) и 6:4 го елиминираше Германецот Александер Зверев.

Во решавачкиот трет сет, брејк во седмиот гем пресуди за водство од 4:3.

– Навистина игравме еден против друг со сите сили. Во вториот сет Зверев го подигна нивото на својата игра, а јас бев под притисок цело време – рече Димитров кој во понеделник ќе се најде меѓу првите 10 на АТП листата.

За 32-годишниот бугарски тенисер тоа ќе биде 20 финале, а досега има освоено девет турнири. Синер и Димитров досега три пати играле меѓу себе, Италијанецот моментално води со 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот