ВИДЕО | Димитриоски како голман: Со пантерска интервенција спречи гол на противникот

Фото: Screenshot

Македонскиот ракометар Димитар Димитриоски имаше солиден настап во дресот на Валјадолид во вчерашниот пораз на гостински терен против Бенидром.

Димитриоски постигна три гола, но посебно го привлече вниманието со пантерската интервенција на голот на шпанскиот тим. На стартот од второто полувреме тимот на Димитриоски играше „седум на шест“ во нападот, а по грешката и изгубената топка противничкиот ракометар се обиде да погоди од гол на гол.

Благодарение на Димитриоски кој успеа да го одбрани ударот без да влезе во голманскиот простор топката не заврши во голот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот