ВИДЕО | Диаверум: Комбињата не се новитет, нам ни е важно секој пациент да биде вратен дома, без разлика на типот на превоз

Пациентите на дијализа реагираат на превозот/Фото: Слободен печат

Пациентите на дијализа кои побараа да им се врати такси превозот и денеска во центарот за дијализа Диаверум дојдоа со комбе.

Според менаџерката  за комуникации и човечки ресурси Фросина Гоговска  вели дека комбињата не се новитет, истите се користеле и претходно во зависност од логистичките потеби на самиот центар но и на пациентите.

– Комбињата не се новитет, постоеле и претходно, тоа не е ништо ново. Такси превозот не им е укинат, тој постои како опција, но важно е сите да знаат дека од 2014 година, откако постои центарот, превозот е организиран комбинирано со такси возила и со комбиња. Секој пациент е земен и вратен до својот дом, иако во договорот со Министерство за здравство ние немаме таква обврска, туку од збирно место во општината да ги земаме и враќаме пациентите по дијализата. Сепак, нашата компанија, разбирајќи дека дијализата е тежок и исцрпувачки процес, по своја добра волја секој пациент го носи до својот дом, појаснува Гоговска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот