ВИДЕО | Девојка го изгубила видот откако нејзината мачка ја изгребала: Никогаш не верувај ни на најслаткото животно

Фото: Pexels

Млада девојка остана слепа на едното око, откако имала „безопасна“ интеракција со нејзината мачка Клео, која на крајот ја изгребала, пишува „Њусвик“.

Страшниот момент беше снимен од девојката, и објавен на ТикТок, како предупредување до другите сопственици на домашни миленици.

Младата девојка ги моли луѓето да бидат внимателни, бидејќи и најслатките животни можат да каснат, гребат и да предизвикаат сериозни повреди. Видеото со „чудната несреќа“ собра илјадници прегледи.

Корисниците на социјалните мрежи побрзаа да го коментираат застрашувачкото видео. Едно лице напишало во одбрана на мачето: „Не станува збор за довербa, треба да научиме да ги почитуваме мачките, вклучувајќи ги и нивните потреби и граници. Престанете да очекувате од нив да се однесуваат како луѓе.“

За среќа, губењето на видот на сопственичката на Клео било привремено, иако траело три долги недели.

Девојката ветила дека никогаш повеќе нема да се приближи до лицето на нејзината мачка по „несреќната случка“.

Во продолжение погледнете го видеото:

@cleothecitykittyYou can NEVER trust even the sweetest animal. Luckily the vision loss was temporary 🙏🏻

♬ original sound – amy🥝💌🐇

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот