ВИДЕО: Цел меч за Алиоски, Лидс им се врати на победите во Премиер лигата!

Фото: EPA-EFE/Andy Rain/POOL

После двата порази и едно реми на последните три натпревари вечерва екипата на Лидс повторно се радува на победа сезонава во Премиер лигата откако во Лондон со 1:2 славеше над Фулам во рамките од 29 коло.

Целиот меч за гостите го одигра македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски и така во натпреварувачка форма ќе ги дочека претстојните први средби на нашата А репрезентација во квалификациите за Светското првенство.

На вечерашниот дуел водеше составот на Марсело Биелса со погодокот на Бамфорд во 29 минута, а домаќините успеа да израмнат преку Андерсен.

Конечниот епилог беше поставен во 58 минута благодарение на Рафиња после асистенцијата на Бамфорд.

После 12 триумф клубот од „Иланд роуд“ се наоѓа на 11 позиција со 39 бодови. Во следното коло на 3 април тимот на Лидс на домашен терен ќе го пречека последнопласираниот Шефилд јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот