ВИДЕО: Челси со „седумка“ го испрати Норич од „Стемфорд бриџ“

Убедлив триумф на Челси во Премиер лигата/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Фудбалерите на Челси го декласираа Норич со 7:0 во деветтото коло во Премиер лигата и се зацврстија на лидерската позиција на табелата со 22 бодови, четири повеќе од Ливерпул кого утре го очекува дербито со Манчестер јунајтед.

„Сините“ до убедливиот триумф дојдоа со комбиниран тим, а се беше решено во првото полувреме во кое постигнаа три гола. Голеадата на „Стемфорд бриџ“ ја отвори Мејсон Маунт во осмата минута, а веќе 10. минути подоцна Калум Хадсон-Одои.

Во финишот од првиот дел, Рис Џејмс зголеми на 3:0 ги реши сите дилеми околу победникот. Мејсон Маунт во вториот дел постигна уште два гола, Бен Чилвел постигна еден гол, а Марк Аронс си постигна автогол за конечни 7:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот