ВИДЕО: Челси го освои „Енфилд“, сите мечеви во Премиер лигата со ист резултат!

Фото: EPA-EFE/Phil Noble/POOL

Вечерва на стадионот „Енфилд“ се одигра дербито на 29 коло во Премиер лигата во кое Челси со 0:1 триумфираше над актуелниот шампион Ливерпул.

Интересно е тоа што со истиот резултат завршија и претходните два денешни натпревари, Фулам – Тотенхем и Вест Бромвич – Евертон.

Стрелец на единствениот погодок за лондонските „сини“ во 13 победа сезонава беше Маунт во 42 минута од средбата. Претходно гостите во 24 минута постигнаа погодок кога Вернер го совлада Алисон, но ВАР го поништи истиот поради офсајд.

На стартот од вториот дел „црвените“ бараа пенал поради играње со рака на Канте во казнетиот простор, но главниот судија ништо не досуди.

Челси можеше да слави и со поубедлива разлика, во 54 минута Зијеш шутираше, а еден од одбранбените домашни играчи од гол-линијата ја отстрани топката, а во 77 минута Вернер излезе сам пред Алисон, но не беше успешен во дуелот со Бразилецот.

На табелата составот на Тухел е на четвртото место со 47 бодови, додека Редси на Клоп се на седмата позиција со 43.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот