ВИДЕО: ВАР го спаси Мурињо, Евертон во трка за Лига на шампиони!

Фото: EPA-EFE/Clive Rose / POOL

Денеска се одиграа два натпревари од 29 коло во Премиер лигата, Вест Бромвич загуби дома од Евертон (0:1), а со истиот резултат Тотенхем славеше кај Фулам.

Евертон со погодокот на Ришарлисон во 65 минута дојде до 14 победа сезонава за клубот од „Гудисон парк“ во натпреварувањето.

Играчите на менаџерот Карло Анчелоти ја продолжуваат борбата за едно од местата кое води во групите на Лигата на шампионите, моментно се на четвртата позиција со освоено 46 бодови, зад водечкиот Манчестер сити (65), Манчестер јунајтед (51) и Лестер (50).

Тотенхем дојде до трите бода кај Фулам благодарение на автоголот на Адарабиојо во 19 минута.

Во второто полувреме, поточно во 63 минута фудбалерите на Жозе Мурињо имаа среќа, односно домаќинот успеа да израмни, но после интервенцијата од видео собата за проверка, беше поништен голот, бидејќи топката претходно во рака го удри Лемина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот