ВИДЕО: Бразил останува максимален во квалификациите за СП 2022

Нејмар, фудбалскиот репрезентативец на Бразил/фото: EPA-EFE/Ricardo Rimoli

Репрезентацијата на Бразил го победи Еквадор со 2:0 во петтото коло од квалификациите за СП 2022 година.
Во центарот на вниманието беше Нејмар кој беше постигна еден гол и имаше една асистенција.
Фудбалерот на ПСЖ прво во 65 минута му асистираше на Ричарлисон кој погоди за 1:0, а конечниот резултат го постави во судиското продолжение.
Судијата досуди пенал за Бразил, Нејмар шутираше очајно и промаши, но главниот арбитер одлучи да се повтори пеналот бидејќи голманот на Еквадор ја напушти гол линијата. Вториот обид на Нејмар беше успешен за конечни 2:0 и максимален учинок на Бразил во квалификациите.

„Кариоките“ имаат 15 бодови, додека Аргентина е втора со четири бода помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот