ВИДЕО: Бостон закажа плеј-оф битка со Бруклин, Тејтум броеше до 50
Во првите два натпревари доцна синоќа во НБА плеј-ин турнирот, Индијана убедливо го надигра Шарлот со резултат 144:117, додека Бостон неочекувано лесно излезе на крај со Вашингтон, 118:100.
Селтикси на тој начин обезбедија седмо место и плеј-оф серија со моќниот Бруклин, додека Визардси и Индијана во директна пресметка во ноќта помеѓу четврток и петок ќе одлучуваат кој од осмото место ќе биде дел од доигрувањето на мегдан против првопласираната Филаделфија.
За Шарлот најефикасен беше Бриџес со 23 поени, додавајќи осум скока и четири асистенции, а на спротивната страна истиот учинок за Индијана го имаше Брисет (пет скока).
Кај Селтикси доминираше Тејтум со 50 поени, осум скока и четири асистенции, следен од Вокер со 29 поени (седум скока).
За Вашингтон прв стрелец беше Бил со 22 поени (девет скока, шест асистенции), додека Вестбрук се истакна со „дабл-дабл“ од 20 поени и 14 скока.
НБА лига, плеј-ин, резултати –
Индијана Пејсерс – Шарлот Хорнетс 144:117
Бостон Селтикс – Вашингтон Визардс 118:100