ВИДЕО: „Борба за Влае“ против 11-катници на зелени површини

Граѓанската иницијатива „Борба за Влае“ се обидува да издејствува поништување на Деталниот урбанистички план на општина Карпош со кој се предвидува изградба на повеќе висококатници.

Јована Стефановска денеска во Утрински брифинг го повика градоначалникот Стевчо Јакимовски да го одржи ветувањето кое го дал во предизборната кампања, а се однесува на обезбедување хумано домување.

– Мора да престане навиката на граѓаните да им се сервираат готови ДУП-ови по нарачка  на урбаната мафија, а спротивно на потребите на граѓаните. Во овој предлог ДУП има вцртано маркици за голем број згради со што населението ќе се зголеми за една третина од постоечката бројка. Инфраструктурата во Влае и тесните улички немада ги издржат новите 25.000 жители, вели Стефанова.

Во граѓанската иницијатива има урбанисти, планери и архитекти кои ја даваат поддршката против изградба на нови згради на државно земјиште, кое во моментов се користи како зеленило.

– Ние пред се работиме на информирање на граѓаните, бидејќи сме свесни дека не е доволно само едно објавување на огласна табла, дека ќе има измени на ДУП. Граѓаните во јавната анкета поднесоа многу стручни забелешки, кои очекуваме да бидат прифатени од страна на градоначалникот и советниците во Советот. Тоа значи, наместо 11-катници, да  се дозволи изградба на згради кои се состојат од приземје, два ката и поткровје. На игралиштето кое сега е зелена површина, впишан е објект од 5.168  квадратни метри со висина од 12 метри, вели Стефанова.

Досега не успеале да соработуваат со градоначалникот Стевчо Јакимовски во насока на измените на ДУП-от.

– Морам да изразам жалење  што во текот на прибирањето на анкетните листови наидовме на многу опструкции, ги дезинформираа граѓаните со лажни информации и секојдневно беа измислувани правила кој смее да поднесе анкетен лист, без да земат во предвид дека  според Законот за урбанистичко планирање секој може да поднесе анкетен лист. Тоа што не добивме поддршка од градоначалникот малку не обесхрабрува, но од друга страна не охрабрува тоа што на јавното излагање присуствуваа советниците од сите советнички групи, освен советниците од ГРОМ, дополнува Стефанова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот