ВИДЕО | Бизарна приказна: Кучето кое наследи 400 милиони долари си доби и документарец

Фото: Скриншот/Јутјуб

Најновиот документарен серијал на Нетфликс предизвика доста реакции, најмногу поради бизарната приказна. „Gunther’s Millions“ раскажува за кучето кое наследи 400 милиони долари од својот сопственик.

Описот вели: „Кучето со наследство не е најчудниот дел од оваа приказна. Ексцентричниот сопственик на Гантер исто така живееше луксузен живот – со постојана придружба налик култ“. Минисеријата има четири епизоди засега.

„Токму кога мислите дека сте виделе сѐ, следниот миг ве очекува уште еден пресврт. Секоја епизода се чувствува како сосем друга приказна, заплет и тема“, „Се чувствувам непочитувано како човечко суштество кога гледам“, „Не им верувам на очиве – како функционира оваа планета, кога гледам вакви работи“, гласат дел од коментарите.

Скоро сите се согласуваат за едно нешто – приказната на овој документарец е прилично бизарна.

ВИДЕО | Има 30 години: Запознајте го Боби, најстарото куче во историјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот