ВИДЕО | Австралиска сурферка постави нов светски рекорд на највисок бран кој некогаш го сурфала жена

Лаура Еневер / Фото EPA/Marcelo Sayao

Австралиската сурферка Лаура Еневер постави светски рекорд за сурфање на најголемиот бран со кој некогаш сурфала жена. 31-годишната го скроти „ѕверот“ долг 13,3 метри во јануари во Оаху, на Хаваи. Таа го надмина претходниот рекорд кој траел седум години.

Рекордот на Еневер беше потврден од Гинисовата книга на рекорди во четвртокот на церемонијата во Нарабин, Сиднеј, пренесува Би-Би-Си.

Тоа предградие е местото каде што пораснала сурфајќи и ја започнала својата кариера на 11-годишна возраст. Таа победила на неколку јуниорски натпревари, а потоа станала редовна на Светската лига за сурфање (ВСЛ), каде учествувала седум години, пред да се префрли на поинтензивното сурфање.

„Пред да влезам знаев дека тоа ќе биде голем предизвик. Кога полетав погледнав надолу знаев дека дефинитивно е најголемиот бран што некогаш сум го сурфала. Знаев дека тоа е бранот на мојот живот“.

Нејзиното сурфање било снимено на видео, кое Гинисовата книга на рекорди ја искористи за да помогне да се потврди висината на бранот, заедно со детални информации за локацијата на видеографите и локацијата на бранот. Спортскиот шеф на ВСЛ, Џеси Мајли-Дајер, рече дека тоа е неверојатно достигнување.

„Лаура е бестрашна, посветена и вистинска инспирација, и јас сум толку горда што ја познавам“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот