ВИДЕО: Атлетичар брутално удрен по главата за време на трка во Флорида

Голем инцидент за време на атлетската трка во Флорида/Фото: Принтскрин/Твитер/Baseball Fight Club

Снимка од трка во средно училиште во Флорида кружи на социјалните мрежи откако двајца натпреварувачи се судрија за време на трката, а еден од нив реши да го реши проблемот со сила.

Инцидентот се случил во Кисими во близина на Орландо, а како што покажува краткото видео натпреварувачот во црн дрес доајде зад ривалот во бела опрема и брутално го удира во главата, предизвикувајќи го неговиот противник веднаш да падне на подот.

Според американските медиуми, се работело за трка на 1.600 метри, а атлетичарот во црно заостанувал и го успорувал лидерот на трката.

Натпреварувачот во бело го предупреди да се тргне, а кога тој одби да го стори тоа по вторпат, на следното свртување, натпреварувачот во бело го оттурна.

Ова очигледно го налутило спортистот во црно до тој степен што решил физички да го нападне. Во бркотницата која следела му пришол одзади и го удрил. Локалната полиција засега одбива да даде дополнителни информации за инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот