ВИДЕО | Арсенал не го дава врвот: Победа во лондонското дерби, прв пораз за Конте и Тотенхем

Арсенал - Тотенхем/ 1 октомври/ Фото: EPA-EFE/NEIL HALL EDITORIAL USE

Во денешното дерби во Премиер лигата силите ги одмерија лондонските ривали Арсенал и Тотенхем. Средбата на крајот заврши со победа од 3:1 за домаќините.

Заслужено Арсенал стигна до победата во натпреварот кој беше отворен со еден прекрасен гол. Томас Парти после 20 минути игра со одличен удар од далечина го матираше Лорис и го доведе својот тим во водство. Тотенхем не се откажа и изедначи десет минути подоцна преку Хари Кејн кој беше реализатор на најстрога казна.

Со тој резултат (1:1) беше завршено и првото полувреме. Не се чекаше многу за да видиме гол во вториот дел. Габриел Жесус само четири минути по почетокот на второто полувреме го врати Арсенал во водство.

Победата на Арсенал на големо беше најавена во 62. минута кога дефанзивецот Емерсон Ројал заработи директен црвен картон после еден невнимателен старт. Гранит Џака само пет минути подоцна ги постави конечните 3:1.

За Тотенхем ова беше прв пораз во сезоната, а Арсенал со триумфот и после ова коло ќе остане лидер со 21 бод. На втората позиција е Манчестер Сити со натпревар помалку и 17 освени бодови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот