ВИДЕО | Андоновиќ: По соборениот американски дрон, Украинците уништиле кинеско беспилотно летало

Обработка на фотографија/ Слободен печат

Украинците објавија дека собориле кинески дрон на нивна територија. Се работи за Мугин-5, комерцијален дрон направен од кинески производител со седиште во пристанишниот град Ксиамен, на источниот брег на Кина.

Некои технолошки блогери велат дека овие дронови се познати како како „Алибаба беспилотни летала“ бидејќи биле достапни за продажба до 15.000 долари на веб-страниците на кинескиот пазар.

Кинескиот производител Мугин Лимитед потврдил за Си-Ен-Ен дека тоа е нивно беспилотно летало, нарекувајќи го „несреќен инцидент“.

Тоа е најнов пример за употреба на цивилно беспилотно летало кое е доградено и вооружено, што е знак за брзо менување на моделите на војување.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) за американската Си-Ен-Ен потврдиле дека нивните агенти со седиште на територијата која се наоѓа под руска контрола, ги предупредиле украинските воени единици долж фронтот дека оттаму е лансиран дрон и се упатил кон украински цели, во близина на градот Славјанск.

Во јануари, официјални лица во областа Луганск во источна Украина, контролирана од Русија, соопштија дека го собориле „Мугин-5“ лансиран од украинските сили.

Украинските власти не го коментираа овој конкретен инцидент, но експертите рекоа дека има докази дека двете страни во конфликтот ја користат технологијата.

Во меѓувреме се заострува реториката околу завчерашното уривање на американскиот вооружен дрон од страна на руските борбени авиони во меѓународниот воздушен простор над молдавско-украинската граница.

Русија соопшти дека намерниот напад врз нејзините авиони во неутрален воздушен простор ќе ги смета како отворена објава на војна, а Москва не е таа што бара конфронтација,

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов изјави дека „Намерен напад врз руски авион во неутрален воздушен простор не е само кршење на меѓународното право, туку и отворена објава на војна против најголемата нуклеарна сила. Вооружениот конфликт меѓу Русија и САД би бил радикално различен од војната што од далеку САД ја водат против Русија во Украина“, предупреди Антонов,

Според американската војска, два руски авиони пресретнале американски дрон, а еден од нив се судрил со него. Неколку пати пред судирот, руските ловци фрлиле гориво на дронот и летале пред него на небезбеден начин, се вели во соопштението на американската војска.

Војската на САД, исто така, соопшти дека самата го соборила беспилотно летало МК-9 во морето, откако руски борбен авион го погодил неговиот пропелер додека летал во меѓународниот воздушен простор.

Русија ја отфрла одговорноста за инцидентот, а Антонов изјави дека Москва направила се за да не се случи.

Русија направила се за да го спречи инцидентот и дека навремено ја информирала меѓународната заедница за границите на привремениот режим на воздушен простор воспоставен поради воената операција во Украина, соопшти Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот