ВИДЕО | Андоновиќ: Aпсењето на Пуџдемон почеток на нова политичка криза во Шпанија или крај на каталонскиот сепаратизам?

Карлес Пуџдемон/ Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

По 4 години бегство на италијанскиот остров Сардинија е уапсен поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон. Тој беше приведен вчера, откако пристигна во градот Алгеро на Сардинија. Во Сардинија тој требал да присуствува на ликовна изложба и да се сретне со регионалниот гувернер на Сардинија каде што бил и уапсен.

На Пуџдемон му се заканува екстрадиција во Шпанија каде треба да му се суди за сепратизам. Пуџдемон повеќе од 4 години живееше во егзил во Брисел каде и покрај црвената потерница на Интерпол, тој не беше уапсен. Шпанија го обвини Пуџдемон, поранешен каталонски регионален лидер, за предводење на протестите, и организриање и помагање на референдумот за независност во 2017 година, што шпанските судови го сметаа за незаконски.

Референдумот доведе до најголемата политичка криза во Шпанија во последните децении, по што каталонскиот парламент еднострано прогласи независност во октомври 2017 година, што ја натера централната влада да наметне директна моќ од Мадрид, а властите започнаа со апсење на сепаратистичкиот лидер. Европскиот суд во Луксембург на 30 јули ја поддржа одлуката на Европскиот парламент, чиј пратеник беше Карлес Пуџдемон, да му го одземе пратеничкиот имунитет задно со имунитетот на уште двајцата водачи на сепаратистичкото движење во Каталонија.

Со одлука на тој суд, Пуџдемон и двајца поранешни министри во каталонската влада, Комин и Понсати, најверојатно ќе бидат екстрадирани во Шпанија и да се соочат со обвиненија за предизвикување бунт. Доколку бидат испрачани и осудени, се очекуваат нови тензии и продлжување на сепартистчките апетити на каталонските политчари кои се залгаат за независосност од Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот