ВИДЕО | Андоновиќ: САД ја враќа старата политика кон Русија и Србија, кон Кина останува истата реторика

Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден го честиташе Денот на државноста на Србија и порача дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Србија во европските интеграции, реформите и постигнувањето траен договор со Косово „кој е фокусиран на меѓусебно признавање“.

Зад ова честитка Бајден практично ја потврди претходната најава и намера дека САД бараат од Белград што поскоро да го признае Косово.

– На ова српскиот претседател Александар Вучиќ одговори дека меѓусебното признавање, не е наведено во актот на ниту една светска организација. И дека иако свесен дека ова е нова американска политика сепак засега Белград нема да прифати никакви притисоци за признавање на независноста на својата јужна покраина, изјави Вучиќ. Наместо притисоци кон Белград, американската адинистрација би требало да ги притиснат Албанците да ги исполнат своите обврски“, смета Вучиќ.

Изјавата на Вучиќ и повикот на Бајден доаѓаат неколку дена откако поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај се закани дека доколку Белград не го признае Косово, Косово ќе се приклучи кон Албанија и заедно ќе се интегрира кон ЕУ. На Белград му пречи тоа што на овие изјави, Вашингтон засега не реагира туку со повиците за безусловно признавање на Белград на Приштина, САД практично ги кршат билатералните договори потпишани пред неколку месеци со претходната администрација на Доналд Трамп.

Бајден имаше порака и кон Русија , која со неговото доаѓање во Белата куќа, ја интензивираше реториката на критики кон, како што оцени Белата куќа, агресивната политика на Москва кон своите соседи. Апсењето на Навални, политиката на Русија во Украина Белорусија и аспирациите за влез во НАТО на Грузија, како и неодамнешниот хакерски напад врз американските федерални институции, се еден од главните камења на сопнување меѓу двете суперсили.

Бајден во вчерашното обраќање даде до знаење дека нема да ја толерира политиката на Путин и дека остро ќе и се спротивстави преку санкции за руската еккономија. Што се однесува на политиката кон Пекинг Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ривалството меѓу САД и Кина би можело да биде во облик на „екстремна конкуренција“, но увери дека сака да избегне судир на двете светски сили.

Тој потсети дека нема да ја следи политиката на својот претходник Доналд Трамп, но и дека нема да ја толерира досегашната кинеска политика пред се во заштитата на индустриската сопственост.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот