ВИДЕО | „Ама претседателе, тој е Русин!“: Бајден восхитен од мускулите на погрешен снимател

Фото: Твитер/принтскрин

Нов ден значи и нов интересен момент што го предизвика американскиот претседател Џо Бајден.

За време на прошетка со францускиот колега Емануел Макрон во Бали, Бајден неформално ги коментираше мускулите на еден од снимателите, за кој дури потоа дозна дека е Русин.

Во паузите од средбите одржани за време на самитот на Г20, Бајден и Макрон, покрај обезбедувањето и локалниот персонал, беа придружувани и од новинари и сниматели. Меѓу нив беше и руски снимател со, како што може да се заклучи и од снимката и од реакцијата на Бајден, големи бицепси.

„Инаку, загрижен сум за бицепсот на овој човек. Неговите бицепси се поголеми од мојата капа. Погледнете го ова“, рекол Бајден, по што изгледа како да го пипнал мускулот на споменатиот камерман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот