Вестбрук на „ракетен“ погон (ВИДЕО)

twitter/NBA Fantasy

Хјустон дојде до четвртата победа по поеследните пет меча откако со 115:109 го совлада Феникс и сега има скор од 15 победи и само седум порази со кои се наоѓа на петтото место во Западната конференција.

„Ракетите“ кои си играа со нервите на своите навивачи, победата ја обезбедија во самиот финиш, на двеи пол минути до крајот кога направија недостижни 12 поени предност (109:97). Прво име во триумфот на Хјустон беше Расел Вестбрук со 24 поени, 14 скокови и 11 асистенции за шест трипл-дабл сезонава и трет едноподруго. Џејмс Харден беше најпрецизен со 34 поени.

Индијана ја продолжи мизеријата на Њујорк, му го нанесе деветиот пораз во низа на тимот од „големото јаболко“ на кого не му помогна нитусмената на тренерот.


Ти Џеј Ворен со 25 поени беше најпрецизен кај Индијана, додека Домантас Сабонис имаше учинок од 19 поени и 16 скокови.

Резултати:
Њујорк – Индијана 103:104
Филаделфија – Кливленд 141:94
Хјустон – Феникс 115:109
Јута – Мемфис 126:112

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот