Верстапен ќе биде 200 милиони долари ќар затоа што не плаќа даноци во Холандија

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

ПН. Во Холандија го слават, но и го критикуваат нивниот херој од Формула 1. Холанѓанецот Верстапен е жител на Монако, како и многу други спортски ѕвезди, а целта е да не плаќа данок. „Заштедата“ му е огромна

Шампионот во Формула 1, Макс Верстапен, е вистински спортски херој во неговата татковина Холандија и тој се гордее со тоа. Но, славата е едно, а кога во прашање се за парите, работите се поинакви.

Верстапен како и многу други спортски ѕвезди, е жител на Монако, само со цел да избегне плаќање високи даноци во својата земја Холандија.

Едно списание во Холандија пресметало дека кога новиот договор со Ред Бул ќе му истече во 2028 година, Верстапен ќе има заштедено дури 200 милиони долари, сума што ќе требало да ја плати ако плаќа данок во Холандија, наместо во Монако, каде не плаќа такви давачки.

Списанието го критикува Макс кој ги користел бенефитите на тоа што бил жител на Холандија додека растел, вклучително и образованието, а сега не придонесува воопшто да се полни државната каса на оваа земја.

Холандскиот интелектуалец, историчарот Рутхер Брегман го критикуваше Макс поради овој „трик“ на избегнување плаќање данок.

– Не разбирам како некои луѓе можат да се погледнат во огледало. Тој придонесува со 0 евра во образованието и здравството, полицијата и пожарникарите… – вели Брегман.

Монако е дом на многу познати спортисти кои го избираат жителството во кнежевството за да не плаќаат данок во своите татковини. Такви се Луис Хамилтон, Новак Ѓоковиќ, Ландо Норис, Серхио Перез, Александар Зверев, Григор Димитров и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот