Велика Британија ја прекина евакуацијата на цивили од Авганистан

Кабул аеродром / Фото: МИА

Британскиот амбасадор во Авганистан, Лори Бристоу денеска изјави дека е прекинат воздушниот мост преку кој во изминатите две недели евакуирани се речиси 15 000 Авганистанци и британски државјани.

– Дојде време да ставиме крај на оваа фаза од операцијата, но не ги заборавивме луѓето кои се уште сакаат да заминат и се ќе направиме за да им помогнеме, посочи Бристоу.

Додека британското Министерство за одбрана објави дека ниту еден британски авион наменет исклучиво за евакуација на цивили нема да полета од Кабул, но летовите за британските војници и помал број Авганистанци ќе продолжат.

Скај њуз објави дека последниот британски цивилен авион синоќа полетал од Кабул.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот