Тијана, која ѝ е сестра на Тамара, веќе подолго време живее и работи во Србија. Таа веќе јавно го искажа своето неверување дека претставничката на Србија не доби ниту еден поен од македонското жири. Меѓутоа, коментарите полни со омраза не престануваат и неколку дена по финалето.
„’Тијана, зошто толку пишуваш за сестра ти?“, ‘Каква Северна Македонија? Не пишувај така, остани си во Србија’, ‘Зошто не се вратиш во Македонија кога веќе толку ја сакаш?’ Е сега јас да ве прашам. Ја чувте песната? Дали навистина ја слушавте или само онаја ја претрчавте? Или не ни умеете да слушате веќе никого? А сега да ви одговорам: PROUD (анг. горда) e кога сестра ти уште од мала гледа Евровизија на телевизија и вели дека еден ден и таа така ќе пее, а во моментот не ни знае што е тоа Евровизија. PROUD е кога со месеци сме на игли додека се бира песна, облека, настап и кога се филтрираат добрите од лошите идеи, за да се добие безвременски настап. PROUD е кога таа излегува на сцена, а јас имам впечаток дека излегло сè и дека никој претходно не бил таму. PROUD е кога камерите ќе покажат полн кадар и гледам во нејзините очи дека тоа е тоа, дека нема потреба да се грижам иако до пред три секунди не сум дишела од трема“, напиша Тијана, па продолжи:
„PROUD е кога после настапот пристигнуваат овации од сите страни, повици, пораки, смеа, солзи, бодрење… PROUD е кога знаеш дека имаш на кого да се потрпеш. PROUD е кога по 15 години земам виолончело и не ми е грижа дали има некој фалш, затоа што сакам уште еднаш да покажам дека сум горда на себе, на Тамара, на својот народ (кој е повеќе од гранична линија во атласот) и на сите оние кои не се откажуваат ниту од себе, ниту од своите соништа. А овие, дигиталните (не)луѓе, нека пронајдат барем едно нешто на кое ќе бидат горди и сè ќе добие поубава смисла.“
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Гитарското дуо „Роџерс и Харисон“ ќе настапи на петтото издание на „Скопски градски фестивал“ на 7 мај во Филхармонија, а детали за концертот дознаваме од Џими Роџерс. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Пејачот и текстописец Џими Роџерс е роден во Скопје (Македонија) на Денот на вљубените во 1962 година. Тој расте како млад …
Доскорешниот премиер, до пред формирањето на техничка влада, и актуелен претседател на СДСМ Димитар Ковачевски е гостин во поткастот „Политиканти“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга, а непосредно по првиот круг претседателски избори имаа за што да разговараат за Ковачевски. Ако …